Пукање во Горно Лисиче
Денес во 00.15 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(46) од Скопје пријавил дека на 04.10.2022 околу 23.50 часот на ул.„Лисец“, додека управувал патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое било уште едно лице, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, во кое било лице кое претходно му се заканувало, удрило во неговото возило и го оштетило, соопшти МВР.
- Според пријавеното, набргу од другата страна се појавило и возило „фолксваген туарег“, а кога се обидел да избега слушнал истрели од огнено оружје кои, исто така, му го оштетиле возилото. Исто така, на 05.10.2022 во 00.35 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Лисец“, додека неговиот брат И.Ј. управувал патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, со огнено оружје било оштетено возилото, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска