Пукање во центарот на Охрид - Едно лице повредено
Едно лице е потешко повредено во пукотница што синоќа некаде пред полноќ се случи во угостителски објект напроти централната пошта во Охрид.
Портпаролот на СВР Стефан Димоски ја потврди информацијата, со појаснување дека инцидентот се случил во 23:45 часот и дека во него учестуввале две лица. Притоа дошло до меѓусебна расправија по што едното лице извадило пиштол и со неколку истрели му нанело тешки повреди на другиот во пределот на нозете.
Повредениот после инцидентот бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ каде е хоспитализиран, додека другиот учесник во расправијата побегнал, но по кусо време бил пронајден од полицијата и приведен.
Повеќе информации СВР Охрид ќе соопшти во текот на денешниот ден.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска