Македонија
10. October 2021 - 17:02

Пукање во Битола, уапсени две лица

Вчера во 18.50 часот од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Ј.(45) и С.П.(45), двајцата од Битола, постапувајќи по пријава дека околу 18.30 часот на ул.„Охридска“ во Битола испукале проектил во воздух, информираше МВР.

Од С.П. биле одземени метална шипка и нож, а од С.Ј. бил одземен пиштол „магнум 44“.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.