Македонија
31. January 2019 - 15:44

Пукање ги вознемири жителите на Козле - полицијата ги соопшти деталите

Вчера во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на улица „Козле“ две непознати лица извршиле разбојништво.

Сторителите со закана со пиштол ги одзеле парите и побегнале. Според пријавата, на неколку стотини метри од маркетот истите испукале еден куршум во воздух.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.