Свет
6. јуни 2016 - 10:50

Пуџдемон: Независноста на Каталонија влегува во фаза од која нема враќање

Лидерот на шпанската покраина Каталонија, Карлос Пуџдемон, денеска порача дека процесот на одвојување на Каталонија од Шпанија во 2017 година ќе влезе во фаза од која веќе нема враќање, со што Европа треба да добие нова суверена држава, јави Танјуг.

- Независноста на Каталонија во 2017 година ќе влезе во фаза по која веќе нема враќање заради демократската одлука на граѓаните. Наша задача е да се подготвиме за тој момент, рече Пуџдемон во разговор за шпанскиот весник „Ел Паис“.

Во септември минатата година на регионалните избори победи коалицијата на десни и леви партии „Заедно за Да“, која во рок од 18 месеци најави отцепување на покраината во која има  7,5 милиони жители.

Во каталонскиот Парламент минатата година беше изгласано создавањето на каталонската агенција за социјална заштита, што е означено како прв закон кон создавањето самостојна држава.

Преостанатите две подрачја што имаат намера да се променат со новите закони се даночниот систем, што веќе нема да биде во надлежност на Шпанија, како и правосудството.

Во каталонскиот Парламент, 72 од 135 пратеници се изјаснија за создавање Република Каталонија.

-Пред 2012 година во Парламентот бевме само 12 пратеници за независност. Сега не има 72, што е јасно мнозинство, рече Пуџдемон, кој во јануари беше прогласен за претседател.

„Во општеството постои едно мнозинство кое се уште не е толку големо за еднострано да ја прогласиме независноста“, додаде Пуџдемон, пренесе Хина.

На 26 јуни во оваа земја се одржуваат нови парламентарни избори откако четирите водечки партии не успеаја да формираат влада после изборите во декември.

-После овие избори сакаме да го слушнеме предлогот на идната шпанска Влада за организирање на референдумот за Каталонија. Ќе ги сослушаме предлозите, но од референдумот не се откажуваме, порача Пуџдемон.

Од четирите водечки партии само Подемос (Можеме), партијата која се противи на мерките за штедење, ја поддржува идејата за организирање референдум по примерот на референдумот во Шкотска од септември 2014 година.

После изборите во јануари оваа партија доби 69 од 350 пратеници. Нејзиниот лидер Пабло Иглесиас вели дека тој не е за одвојувањето на Каталонија, но дека граѓаните имаат демократско право да го изразат своето мислење на референдум.

Владеачката Народна партија на десниот центар се противи  на референдумот напоменувајќи дека тој е во спротивност со Уставот од 1978 година кога во Шпанија беше воведена демократијата и според кој референдумите можат да се одржуваат единствено на ниво на цела земја.

Втората партија според бројот на пратеници, партијата на левиот центар - Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), предлага промена на Уставот што на Каталонија ќе и овозможи поголема автономија, но не и самостојност од кралството во чии рамки е од 1469 година.

Народната партија, ПСОЕ, како и партијата на центарот Граѓани, напоменуваат дека Каталонија и остатокот од Шпанија се посилни кога се заедно.

-Која влада и да биде во Шпанији после изборите ќе мора да сфати дека е потребен дијалог и договор околу оддржување на референдум во Каталонија. Но не гледам ниту еден лидер доволно храбар за прифаќање на предлогот кој, веројатно, интинмно не го сметаат за толку неразумен, изјави Пуџдемон.

Тој напомена дека низ регионалниот Парламент ќе оди чекор по чекор и дека се уште не побарале меѓународна поддршка доколку централната влада во Мадрид продолжи да истакнува дека референдумот е незаконски.

-Не бараме признание бидејќи се уште не сме го побарале. Тоа што сега го бараме е познавање на приликите бидејќи постои едно изразено непознавање, или подобро кажано лошо познавање, на тоа што се случува и што всушност е Каталонија, рече Пуџдемон.