Балкан
16. July 2016 - 15:45

Пучисти го заробиле командантот на турското Воено воздухопловство

Учесници во обидот за воен преврат во Турција го заробиле командантот на турското Воено воздухопловство, генерал Абидин Јунал, објави електорнското издание на весникот „Хуриет“. 

Според истиот извор, Јунал бил заробен за време на свадба на ќерката не негов потчинет офицер.

Претходно, грчки воени извори објавија дека група турски војници, кои се спротиставуваат на Владата во Анкара, презеле контрола врз фрегата во турската поморска база Голчук.

Грчките извори тврдат дека при тоа е заробен и командантот на турската фрегата.