Публикација „Чад на хоризонтот” за нелегалното оружје на Балканот
Профит на организираниот криминал од војните не е првото нешто што ни паѓа на ум, додека со ужас го следиме разорот во Украина. Но, сите војни имаат дополнителни свои негативни ефекти на прелевање и долгорочни штетни последици. За дел од нив можевме да посведочиме и од конфликтите во некогашна Југославија во 1990-тите и тука вбројувајќи го и оној во Македонија во 2001-вата година.
Во својата нова публикација Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) насловена како “ Чад на хоризонтот” анализира дека како што се зголемува приливот на оружје во
Руско-Украинската војна, така паралелно се зголемува и ризикот од потенцијалниот шверц на истото надвор од границите на војната.
Александар Србиновски, координаторот за Македонија и Југоисточна Европа за ГИ-ТОК, информира дека ова истражување било спроведено во 2023 и 2024 година на територијата на Украина и во државите од Западна и Источна Европа и Балканот.
- Во истражувањето вршевме собирање на цените на црниот пазар за оружјето во Украина, во Европа и на Балканот, под претпоставка дека ако се изврши споредба на цените во различни локации, ќе се дознаат и потенцијални промените во овој нелегален бизнис. Токму сублимираните податоци на овој начин на глобално ново ќе ни ја расветлат и природата на понудата и побарувачката на нелегалното оружје на национално и транснационално ниво – вели Србиновски.
Според него податоците во истражувањето се добиени од најмалку стотина интервјуа со преставници на полициите на државите во Европа, истражувачките новинари, универзитетските професори како и претставниците на подземјето во бројните земји.
- Квалитативните интервјуа со извори од подземјето, органите на прогонот, новинарите и други помогнаа да се разјасни сликата за овој проболем во однос на податоците за побарувачката за оружје кај криминалците, апетитот за ризик и потенцијалните двигатели и бариери на овие структури. За да ја имаме целосната слика се изврши и собирање на информации за заплени и официјални извештаи за огнено оружје и истражување за трговијата на оружјето на дарк веб интернет страниците – објаснува Србиновски.
Што се однесува на Балканот, додава Србиновски податоците во публикацијата “ Чад на хоризонтот”, велат дека барем засега не постои доказ дека балканските криминални групи шверцуваат оружје кон и до Украинските фронтови, но она што е многу загрижувачко е дека цената на нелегалното оружје е во пораст во регионот, а тоа е пак иницира дека за оружјето на Балканот расте и побарувачка.
Link https://globalinitiative.net/analysis/trends-arms-trafficking-conflict-ukraine-russia-monitor/
Ново на Сител
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата