Свет
7. March 2018 - 20:39

Птичји грип регистриран на фарма за патки во Кина

На фарма со патки во кинеската провинција Гуангси е регистриран високо заразен птичји грип од типот Х5Н6, соопшти денеска Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) со седиште во Париз.

Според кинеското Министерство за земјоделство, вирусот досега на фармате усмртил 23.550 од вкупно 30.462 патки, додека останатите патки биле заклани. 

Појава на птичји грип од типот Х7Н9, кој исто така е многу заразен, е регистриран и во едно земјоделско стопанство во провинцијата Шанси, наведува ОИЕ. 

Вирусот таму усмртил 810 птици во јато од 1.000, се прецизира во соопштението.