ПСЖ или Арсенал, Интер го чека противникот во финалето во Лигата на шампионите
Вечера во Париз ќе биде познат противникот на Интер во финалето во Лигата на шампионите. На „Паркот на принцовите“, ПСЖ со предност од 1:0 ќе го пречека Арсенал, во полуфиналниот реванш.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по натпреварот изјави дека целосно верува оти неговиот тим може да го добие реваншот и дека ќе биде потребно нешто извонредно за да се квалификува во финалето на Лигата на шампионите.
„Одиме во Париз по победа и верувам дека можеме да ја оствариме. Ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите или да бидете во финалето, мора да направите нешто извонредно во некоја фаза од натпреварувањето“, рече тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Тој истакна дека неговиот тим може да ја повтори добрата игра од Лондон, освен во првите 15 минути кога ПСЖ беше подобриот противник.
„Ќе направиме сè за да го оствариме тоа на теренот. Убеден сум дека можеме да успееме. Имам исто чувство како и против Реал Мадрид“.
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, по првиот натпревар од двомечот изјави дека неговиот тим го покажал својот вистински менталитет и додаде дека очекува многу тежок и тесен втор натпревар.
„Тимот се чувствува одлично, едвај чекаме да започне натпреварот. Сакаме да им покажеме на Парижаните за што сме способни и да обезбедиме место во финалето. Ова е еден од највозбудливите натпревари, со оглед на неговото ниво, важноста за клубот и целта – освојување на Лигата на шампионите. Сега сме на еден чекор од финалето“, рече десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими.
Двата тима влегуваат во реваншот откако загубија во националните шампионати. Арсенал загуби од Борнмут (1:2), додека Пари Сен Жермен, кој веќе го освои француското првенство, беше поразен од Стразбур (1:2).
И двата клуба никогаш не ја освоиле Лигата на шампионите, по еднаш играле во финалето, Пари Сен Жермен стигна до финалето во 2020 годин (пораз од Баерн Минхен 1:0), додека Арсенал го стори тоа во 2006 година (пораз од Барселона 2:1).
Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра на 31 мај во Минхен.
Ново на Сител
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана