Свет
6. March 2018 - 22:12

Првпат избран црнец во Сенатот на Италија

Тони Ивоби, 62-годишен Италјанец со нигериско потекло, е првиот црн италјански сенатор. Тој е избран во Сенатот од антиимигрантската и тврдокорна италијанска партија Лига. 

- Многу сум возбуден дека сум избран за сенатор. По 25 години борба во големото семејство на Лигата, сега за мене започнува една нова авантура, напиша Ивоби на „Фејсбук“. 

Ивоби е избран за сенатор од областа Ломбардија.