Loading Video...
Фудбал
7. February 2023 - 14:11

Прво полуфинале на светското клупско првенство

На Светското клупско првенство што се одржува во Мароко, вечерва на програмата е првиот полуфинален натпревар. 
 
Првакот на Азија, Ал Хилал од Саудиска Арабија, ќе го предизвика јужно-американскиот шампион Фламенго.
 
Традицијата, квалитетот, а со тоа и улогата на фаворит е на страна на бразилската екипа. 
 
Овие два тима во 2019 во Катар исто така играа во полуфиналето, меч во кој Фламинго славеше со 3-1, но подоцна во финалето бразилскиот тим да загуби од Ливерпул  со 1-0.
 
Натпреварот ќе се игра во Тангер со почеток од 20 часот, термин во кој утревечр во Раба програмата е второто полуфинале во кое европскиот шампион Реал Мадрид ќе треба да ја потврди фаворитската улога во дуелот со Африканскиот вице-првак Ал Ахли од Египет.