Први регионални Фолкорни смотри во Струга
Во организција на Културно уметничкто друштво „Илинден“ од Струга вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ се одржаа првите регионални Фолклорни смотри.
Кореографот на КУД „Илинден“ Струга, Љупчо Милошески информира дека на Фолклорните смотри учествуваат 11 културно уметнички друштва од западна Македонија.
- Вечерва се одржуваат првите регионални Фолклорни смотри за Западна Македонија во организација на нашето друштво, а под покровителство на Сојузот на фолклорни ансамбли на Република Македонија – СОФА, истакна Милошески.
Претседателот на СОФА, Антонио Димитровски посочи дека публиката има можност да ги види сениорските постави на фолклорни друштва од Западна Македонија.
- Годинава, покрај во Струга за Западниот регион, Фолклорни смотри се одржаа и во Источна Македонија и во Скопје, а за следната година се планираат шест смотри, каде ќе бидат вклучени и детски ансамбли, изјави Димитриевски.
Манифестацијата ја отвори домаќинот, КУД „Илинден“, потоа настапи истоименото друштво од Битола со својот народен оркестар. Настапи имаат и културно уметничките друштва „Бисер“ од Кичево, „Плетенка“ од Битола, „Ѓердан“ од Охрид, „Дримкол“ од Вевчани, „Мирче Ацев“ од Тополчани, „Таше Милошевски“ од Ресен...
Ново на Сител
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството
-
Една ипол година затвор за поранешните директори на модуларната болница во Тетово
-
Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија