-->
-->
Први мај, денот кога загина легендарниот Сена
-->
Празникот на трудот, 1 мај 1994 година, ден кој засекогаш ќе остане во мислите на секој љубител на Формула 1, и на спортот воопшто. На денешен ден, легендарниот Аиртон Сена го напушти овој свет по несреќата во седмиот круг на трката за Големата награда на Сан Марино.
Смртта на легендарниот Бразилец буквално го потресе целиот спортски свет, бидејќи во тоа време тој беше една од најпопуларните спортски фигури. Во неговиот роден Бразил беше прогласена тридневна жалост, а стотици илјади луѓе дојдоа во Сао Паоло на неговиот погреб.
Неговата смрт беше кулминација на „црниот викенд“ на „Имола“, кој започна со тешката несреќа на Рубенс Баричело на петочниот тренинг. За среќа, пилотот на Џордан се спаси само со повреда на раката. Ден подоцна, сепак, австрискиот дебитант Роланд Раценбергер немаше толку среќа и почина по страотниот удар на „Вилнев“.
По смртта на Сена, тогашниот претседател на ФИА, Макс Мозли, воведе драконски безбедносни мерки. Вештачките шикани се додадени на некои од побрзите и поопасни свиоци во шампионатот, вклучувајќи ја и „Црвената вода“ на патеката „Спа“, за да ги направат автомобилите побавни.
Аиртон Сена го напушти овој свет на 34 години откако освои 65 пол-позиции, 41 победа, 80 подиуми и три светски титули во Формула 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, за Перински и Ѓорѓиевски тоа не е решение
-
Одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа
-
Уапсен малолетникот кој уби еден, а рани уште еден полицаец во Босанска Крупа
-
Израелска армија: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслем
-
Најмалку 16 загинати и 11 уапсени во судир меѓу завојуваните картели во Мексико
-
Сообраќајот непречено, по суви коловози
-
Свежо утро, преку ден сончево со температури до 23 степени
-
Повикај пријател или професионален коуч? | Марина Анчевска | Sitel Podcast 065