Фудбал
28. September 2020 - 10:31

Првенец на Eлмас сезонава во победата на Наполи над Болоња со 6:0

Елиф Елмас го запиша првиот гол во новата сезона во во Серија А. Во дуелот на двајцата македонски репрезентативци Наполи на Елмас ја декласира Болоња на Пандев со 6-0.  
 
Елмас влезе во игра во 22-минута, а голот го постигна во 69-тата, петнаесетина минути откако во игра кај Болоња беше уфрлен Пандев. 
 
За Наполи ова е втора победа, додека Болоња го претрпе првиот пораз.