Loading Video...
Балкан
27. August 2021 - 16:39

Првата група бегалци пристигна во Тирана

Првата група Авганистанци, вкупно 121, пристигна синоќа во  Албанија. Меѓу пристигнатите има и 11 деца.  Веднаш по слетувањето тие беа регистрирани, прегледани и им беа направени брзи ковид тестови. На аеродромот  ги пречекаа албанската шефица на дипломатијата Олта Џачка и американската амбасадорка во земјата Јари Ким.

-Со денови се одолжуваше летот поради разни тешкотии и пречки на аеродромот во Кабул, но денеска со задоволство можам да кажам дека првиот авион конечно слета со првиот контигнет на Авганистанци, мажи, жени и деца.

Цивилите во Албанија  пристигнаа со лет од Тбилиси, каде претходно беа евакуирани од Кабул. Се работи за лица  кои работеле во невладини организации. Тие ќе бидат сместени на неколку локации  во Тирана, Кукс, и Берат. Албанските власти најавија дека ќе прифатат околу 4.000 бегалци на кои ќе им биде дозволено да останат барем една година во земјата додека не добијат документи и сместување во САД. Македонија исто така се обврза дека ќе прими над 700 бегалци, а Косово 2000.  Во меѓувреме, во тензична атмосфера продолжува евакуацијата  од  аердромот во Кабул, каде вчера во експлозија на  бомбаш самоубиец  загинаа 13 американски маринци и над 90 Авганистанци. Одговорноста за нападот  ја презеде ИСИС а американскиот претседател Бајден во обраќањето до нацијата вети дека ке ги фати сторителите.

САД ќе бидат последни кои ќе останат на аеродромот до истекот на рокот за евакуација на 31 август. Речиси сите останати западни земји денеска соопштија дека завршија со извлекување на цивилите и си заминуваат од Кабул.