Првата дивиденда на ОКТА ќе се исплаќа преку Централен депозитар за хартии од вредност
Централниот депозитар за хартии од вредност за првпат посредува во пресметка и исплата на дивиденда што компанијата ОКТА ќе им ја подели на своите акционери.
Во 2015 година компанијата ОКТА оствари подобрени резултати и профитабилност споредено со претходните години. За првпат од основањето на компанијата, на акционерите на ОКТА ќе биде доделена дивиденда.
„Резултатот од позитивниот раст на компанијата е дивидендата што ќе ја добијат нашите акционери. Се одлучивме да одиме преку Централниот депозитар за хартии од вредност затоа што поседува технички, персонален и институционален капацитет за извршување на овој вид трансакција за исплата на дивиденда на брз и ефикасен начин. Извршувањето на овој процес преку оваа институција има бенефити и за акционерите, но и за нас како акционерско друштво“, изјави Јанис Героланос, Главен извршен директор на ОКТА.
Депозитарот е единствена специјализирана институција во Република Македонија која врши упис на новоиздадените хартии од вредност и ги евидентира сите други промени кои се однесуваат на издадените хартии од вредност, притоа применувајќи бројни домашни и меѓународни стандарди. Депозитарот располага со податоци со ажурирана состојба на сопственоста на хартиите од вредност во секој момент. Токму тоа и овозможува брзо и ефикасно трансферирање на дивидендата.
„Бенефитот за компаниите од користењето на услугите на Депозитарот при исплатата на дивидендата и данокот кон Управата за јавни приходи на Република Македонија е капацитетот на Депозитарот во извршувањето на овие активности и сеопфатноста на услугата која ќе ја спроведеме, при тоа гарантирајќи високо ниво на доверливост и прецизност што на крајот ќе резултира со задоволни акционери на компанијата. Задоволство ни е што ОКТА АД-Скопје ги препозна овие квалитети на Депозитарот и што исплатата на дивидендата за нејзините акционери ќе ја спроведе токму преку Депозитарот”, изјави Елена Јакимовска Петровска, Извршен директор на Депозитарот.
Сите акционери на ОКТА на адресите кои се евидентирани во Депозитарот ќе бидат писмено поканети да достават податоци за нивните трансакциски сметки заради исплата на дивидендата. Со цел мисијата да биде успешно реализирана, Депозитарот ќе ги стави на располагање своите човечки ресурси и сите акционери кои ги немаат ажурирано своите податоци во Депозитарот, можат да се обратат директно до Депозитарот. На овој начин, реализацијата на акционерските права на акционерите на ОКТА ќе зависи само од нивната ажурност за доставувањето на потребните информации до Депозитарот.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок