-->
-->
Прва жртва од свински грип во Албанија
-->
Во Албанија денеска почина 48-годишен маж како последица од вирусот АХ1Н1, познат како свински грп.
Извори од Инфективната клиника во Тирана, за тиранската телевизија „Ора њуз“ потврдиле дека починатото лице било хоспитализирано во средата, имало пневмонија, поради што уште повеќе му се влошила состојбата.
– Жртвата пристигнала од Елбасан заедно со уште две други лица, за кои исто така се сомнева дека се заразени од свински грип. И тие се во тешка здравстевна состојба, наведува телевизијата.
Според албанските медиуми во петокот од грип почина 41-годишен маж. И тој е од Елбасан а во болницата во Тирана бил донесен во тешка состојба. Не се отфрла можноста и тој да бил заразен од вирусот АХ1Н1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“