Фудбал
22. August 2018 - 15:21

Прва рунда во фудбалскиот Куп на Македонија

 
 
Попладнево на фудбалските терени ширум државава ќе се играат натпреварите од првата рунда (1/16-финале) во Купот на Македонија. 
 
Прволигашките екипи не би требало да имаат проблеми за влез во осминафиналето, но тоа ќе мора да го потврдат на терен, бидејќи како и секогаш дуелите во националниот куп знаеле да донесат големи изненадувања. 
 
Сите средби ќе се започнат во терминот од 17 часот, а двојките се: 
КОРАБ   - БОРЕЦ
ВЛАЗРИМИ   - БЕЛАСИЦА
ВАРДАР Неготино - СКОПЈЕ
ФОРТУНА   - РАБОТНИЧКИ
ЛАБУНИШТА - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
КИТ-ГО Пехчево - ШКУПИ
ПОЕШЕВО   - БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР Форино - ВАРДАР
ОСОГОВО   - ПЕЛИСТЕР
ТЕТЕКС   - ГОСТИВАР
БРАТСТВО-Влазними - СИЛЕКС
ТИКВЕШ   - РЕНОВА
ПРЕВАЛЕЦ   - МАКЕДОНИЈА ЃП  
 
 
Дуелот меѓу Струга Трим Љум и Победа ќе се игра на 29 август, а последниот патник во осминафиналето ќе биде познат на 5 септември за кога е закажан и мечот меѓу Кожуф и шампионот Шкендија кој е одложен поради настапот на тетовци во плејофот за Лига Европа.