-->
-->
Прва победа на комбинираниот тим на Македонија на турнирот во Кина
-->
Комбинираниот тим на македонската кошаркарска репрезентација, составен од седуммина млади Македонци и петмина странци, ја забележа првата победа на меѓународниот турнир што се одржува во кинескиот град Сужоу.
Тимот предводен од селекторот Драган Раца, славеше минимален триумф над колеџ тимот на Ијдахо од САД со 69-67 во натпревар од 3.коло на Б групата.
Во првите две четвртини се играло рамноправно, па на паузата меѓу двата дела резултатот бил 33:33. Во исто темпо продолжило и второто полувреме. Неизвесноста била присутна се до самиот финиш, односно на 5-секунди до крајот кога Љубомир Младеновски го постигнува победничкиот кош за Македонија за конечни 69-67.
Најефикасни во македонскиот тим на денешниот дуел се Ксавиер Тимс со постигнати 24 поени, додека Ратко Варда средбата ја завршил со 15, а Љубомир Младеновски со 12 поени.
Претходно оваа селекција на кошаркари загуби во дуелите со Иран (75-80) и Литванија (69-85).
По утрешниот ден за одмор, црвено-жолтите во текот на викендот ќе разигруваат за пласман на овој меѓународен турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација