Прва официјална средба на Ахмети и Мицкоски
Актуелната политичка и економска состојба во Македонија, реформите, спорот за името и односите меѓу власта и опозицијата, ќе бидат некои од темите на денешната прва официјална средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски завчера рече дека очекува средбата да биде успешна.
-Тоа ќе биде наша прва официјална средба откако сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ иако веќе имавме неколку средби, најпрво во Клубот на пратеници, па една полуофицијална средба заедно со претставници на меѓународната заедница. Се договоривме да се видиме и еве, таа средба ќе се оддржи во сабота. Ќе се обидеме да дискутираме за реалните проблеми, за актуелната политичка и економска ситуација во државата,..., изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања во Стопанската комора.
ВМРО-ДПМНЕ, додаде, има свои факти и аргументи за многу прашања за подобрување на животот на граѓаните кои ќе ги презентира на средбата.
- Ќе видиме како ќе ги презенитраме тие факти и аргументи во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните зашто тоа е основна и елементарна цел на нашето политичко делување, моја како претседател, но и на раководството на партијата - како од оваа земја да направиме подобро парче за живеење. Тоа е нашата основна цел. Гол популизам и ниски страсти нема да практикуваме, истакна Мицкоски.
На средбата не се очекува да стане збор за законот за јазиците, зашто, како што изјави синоќа на телевизиска дебата Артан Груби, тоа за ДУИ е завршена работа
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа