Македонија
22. December 2016 - 9:03

Прва научна конференција за аерозагадувањето

Прва научна конференција за аерозагадувањето ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје.

Конференцијата има за цел да се поттикне дискусија помеѓу граѓаните и експертите во насока на изнаоѓање заеднички решенија за овој проблем.