Loading Video...
Фудбал
28. November 2021 - 19:46

Прва МФЛ: Победи на Шкупи, Шкендија, Брегалница и Тиквеш

Фудбалерите на Шкупи   остануваат цврсто на врвот на прволигашката табела откако со 4-0 го торпедираа тимот на Струга Трим Лум. 

Гостите солидно го одиграа првото полувреме  кое заврши без голови но во второто екипата на Гоце Седлоски се разигра и со головите на Адетунџи кој беше двократен стрелец, Фаустин Сењор 

 и Маркоски  ги освои  значајните бодови во битката за шампионската титула. 

И шампионот Шкендија не се откажува од одбраната на титулата  и славеше со 2-1 на гостувањето во Ѓорче Петров. 

Гостите од Тетово имаа водство од 2-0 со головите на Гури и  Шала но во 83-тата минута Камара  го ублажи водството на противникот но домашната Македонија немаше сили да се спаси од пораз. 

Во Штип  пресврт победа на Брегалница од 2-1 против Борец.  Гостите во 4 минута ја стивнаа домашната публика со погодокот на Ѓорѓевиќ но во продолжението  немаа сили да го задржат водството откако  Ацковски и Алтипармаковски стрелаа прецизно за  значајна победа на домашниот тим. 

Во Кавадарци  сигурна победа од 2-0 на Тиквеш во пресметката со Работнички. 

Нгоба го отвори резултатот во 35-тата минута за да во вториот дел Спахиу ги реши сите дилеми на овој интересен натпревар. 

 

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА

Брегалница- Борец  2-1

Македонија ЃП – Шкендија 1-2

Пелистер – Скопје 0-0

Шкупи – Струга ТЛ  4-0

Тиквеш – Работнички 2-0

Ренова – А.Пандев  1-2