Loading Video...
Фудбал
1. October 2022 - 19:57

Прва МФЛ: „Лавовите“ ја запреа Струга, Работнички славеше во Штип

Фудбалерите на Струга за првпат останаа без цел плен во новата сезона  откако одиграа 1-1  на гостувањето во Ѓорче Петров. 
Гостите водеа со 1-0 со голот на Шабани во 62-та минута за да во финишот Лавовите останат со играч помалку но и во таква ситуација беа опасни  и го напаѓаа голот на гостите. Првата шанса за израмнување не ја искористи капитенот Адем  кој не реализира пенал но сепак во 86. Минута Алексовски  обезбеди израмнување на 1-1. 
Во Штип  Работнички славеше против домашната Брегалница со 31. 
Крсте Велкоски обезбеди водство за гостите од пенал кое фудбалерот на Брегалница Ѓокиќ брзо го анулираше што ја врати возбудата на овој меч. 
Сепак романтичарите  искористија добри 15 минути за да го надиграат противникот и тоа им успеа со головите на Рушевиќ и  Велкоски  што донесе победа за Работнички од 3-1. 
ПРВА МФЛ 9.коло
Македонија ЃП – Струга 1-1
Брегалница – Работнички 1-3
Победа – Шкендија
Шкупи – Силекс
Тиквеш – Скопје