Кошарка
7. February 2016 - 20:51

Прва лига: Работнички подобар од Бест

Кошаркарите на Работнички вечерва забележаа победа на гостувањето кај последнопласираниот Бест во Гевгелија. Работнички победата ја обезбеди по подобрата игра во првите 30 минути кога имаше предност од 57:38. На крајот Работнички славеше победа со 78:62 (14:9; 21:18; 22:11; 21:24). Најефикасни беа Димитар Мираковски со 23 поени и Ѓорѓи Чековски со 21 поен.
На другите натпревари од 16.коло: Кожув – Карпош Соколи 60:71 и Куманово Фени Индустри 82:74.
Во среда играат МЗТ Скопје – Струмица.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 29 бодови, Карпош Соколи 29, Куманово 27, Фени Индустри 25, Кожув 23, Работнички 22, Струмица 18, Бест 16.