Прв звучен буквар на македонски јазик
„Просветно дело“ објави „Звучна азбука“ - прв звучен буквар-сликовница на македонски јазик со кој децата, без помош од родителите, брзо, лесно и низ игра ќе ги совладаат буквите од македонската азбука.
- Книгата сама ги изговара буквите и зборовите - детето треба само да притиска на копчињата. По принципот притисни-слушни-повтори, на малите читатели им се овозможува правилно да ги репродуцираат буквите, да чујат поим со соодветната буква и звукот што тој го произведува. Ова интерактивно издание, освен изучувањето и препознавањето на буквите, нуди можност да се вежба пишувањето и правилниот изговор и да се откријат интересни факти за поимите кои почнуваат на секоја од буквите од македонската азбука, соопшти издавачот.
Звучниот буквар е ексклузивно издание со кое „Просветно дело“ одбележува 70-годишнината од излегувањето на првиот Буквар на македонски јазик.
Ново на Сител
-
Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби
-
СДСМ: Кошничките на Мицкоски – целосно промашување
-
Новогодишната кошничка даде резултат
-
СЗО: Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во Танзанија
-
Облачно и студено наместа со повремен слаб снег, од петок пораст на дневните температури
-
Успешна, примерна и инспиративна приказна за една вистинска љубов
-
Во Скопје три лица искасани од кучиња скитници