Прв училишен ден за 590 првооделенци во општина Центар
Во седумте основни училишта во општина Центар има запишано 590 првачиња. Од општината наведуваат дека има поголем интерес за запишување на деца во овие училишта и оти во изминатите 4 години, тој број е зголемен за 90 нови првооделенци.
Градоначалникот на општина Центар, кој го посети ОУ „Коле Неделковски“ рече дека учениците од ова училиште, годинава како роденденски подарок, 60-ти по ред, добија подобри ислови за учење, со донација на “Филип Морис ТКП“.
Со донацијата заменети се старите подови, варосани се ѕидовите, има нови врати, реновирана е училишната библиотека, набавени се географски карти, смарт табли, нови клупи и столчиња за првачињата, лап топ-и и прожектори, а ќе се постави и ограда околу училиштето. Ова е денот кога сите се возбудени.
- Општина Центар вложува во развојот на образовниот процес и во нашата иднина, а тоа се децата. За растеретување на семејниот буџет, и оваа година на товар на општината, а не на родителите, ќе биде обезбедувањето, еднодневната екскурзија и средствата за хигиена. И годинава ќе бидат наградени најдобрите предметни и одделенски наставници, а стипендии ќе добијат најдобрите ученици, спортисти и деца од семејства со социјален ризик од сите седум основни училишта, истакна Жерновски.
Генералниот директор на “Филип Морис ТКП“, Михаил Солтер ги повика и другите компании да го следат нивниот пример и да донираат за подобрување на условите во училиштата, бидејќи квалитетно образование е најважен столб на една држава.
Од Општината наведуваат дека и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ доби реконструиран приземен дел од објектот, нов хол, 4 реновирани училници. Дотраените подови од ламинат се заменети со нови од винилна подлога. И во основното училиште “11-ти Октомври“, санирани се две училници, молерисани се ѕидните површини, а обновени се и радијаторите и столаријата. Извршена е санација на два кабинети, по музичко и ликовно образование, а уништените подови од поплавата се заменети со нова винилна подлога.
Училиштето “Гоце Делчев“, преку доградбата, добива 4 нови училници и 3 помошни простории. Со реконструкцијата, училиштето има сутерен, приземје и два спрата, за многу подобри услови за квалитетно образование.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори