Македонија
6. October 2022 - 16:33

Прв состанок на Европската политичка заедница - Македонија очекува помош за енергетската криза

Енергетската  криза ја обедини Европа надвор од границите на Унијата. Прага е домаќин на првиот состанок на Европската политичка заедница, 44 држави рамноправно бараат решенија за недостатокот на струја и гас со кој се соочува целиот континент. Целта е да се зајакне соработката, а не да се замени европското семејство, беше првата порака испратена денеска.

Македонската делегација ја предводи премиерот Ковачевски кој во Прага пристигна со очекувања за конкретна помош за надминувгање на енергетската криза.   

 Едно од барањата на земјите од регионот е вклучување во Енергетската платформа на Европската унија, механизам кој Унијата ги воспостави пред 6 месеци преку кој треба да се намали зависноста од руски гас.

Пред почетокот на денешниот состанок Македонија го зајакна договорот со Украина за олеснета трговија и снабдување со храна. Договорот овозможува  бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи.