Балкан
6. March 2020 - 10:17

Прв случај на коронавирус во Србија

Маж од Суботица (43) е првиот човек што е позитивен на коронавирус во Србија, рече министерот за здравство во Србија Златибор Лончар на вонредна прес-конференција.

Се дознава дека мажот заразен со коронавирус дошол од Унгарија неодамна, тој има температура од 37,4 и се чувствува добро.