Прв пат двајца припадници на нашата Армија на тренинг мисија на ЕУ во Централно Африканската Република
Двајца припадници на Армијата на Република Македонија, штабни офицери ќе заминат во тренинг мировна мисија на ЕУ „EUTMRCA“ во Централно Африканската Република. Зелено светло за оваа мисија даде собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ја образложи потребата за испраќање на еден припадник на Армијата во мировната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговаин, двајца во мисијата на ОН „УНИФИЛ“ во Либан и за испраќање на наши припадници во мисијата предводена од НАТО „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, што беше одобрено од страна на Комисијата, нагласи дека е добро како држава која сака да ги почне преговорите со ЕУ, но и побрзо да ги заврши, да покажеме поголемо учество во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
– Се работи за ЕУ тренинг мисија, прва мисија во која би учествувале на тлото на Африка и токму поради тоа одиме пополека. Оваа одлука подразбира двајца наши офицери да заминат почнувајќи од јули, е начелниот план. Меѓутоа еден од нив во следните два месеци ќе замине и на некаков тип на истражувачка-испитувачка мисија каде малку повеќе ќе се запознае и со состојбите и спецификите на тлото бидејќи сметаме дека кога ќе имаш нова мисија, на нов континент, во нови околности, тоа не треба да се прави избрзано, рече Шекеринска.
Предноста за учество во оваа мисија, истакна министерката Шекеринска, е тоа што таа беше мисија раководена или на некој начин координирана од Франција, а досега, подвлече, сме немале прилика директно да учествуваме во мисија под француски контингент. Сметаме, посочи таа, дека тоа е важно имајќи ги предвид нашите одбранбени, но и нашите надворешно-политички приоритети.
Во Централно Африканската Република моментно постојат две мисии, едната е на ОН, а другата е под покровителство на ЕУ.
На седницата Комисијата за одбрана и безбедност констатира дека Предлог-законот за Агенција за разузнавање е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање.
Ново на Сител
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
-
И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
-
Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица