Прв национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија
На ВИП Лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје денеска продолжува Првиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија “Skopje on ICE 2017”.
Денеска се одржуваат натпреварите во категориите Кадети Б, Младинки, Јуниори и Сениори и Кадети Ц, а вчера се одржаа натпреварите во категориите Младинци, Интерпретации Б, и Интерпретации Ц и А.
Натпреварот има национален, но и меѓународен карактер и на него учествуваат спортисти во повеќе категории, односно во меѓународно признаените категории: Младинци/ки, Јуниорки, Сениорки, како и во категориите за помлади натпреварувачи Кадети Ц и Б, и во интерпретативни категории согласно возраста на натпреварувачите.
На натпреварот, покрај домашните, учествуваат натпреварувачи и од Република Србија, Република Словенија, Република Грција и Кралство Шведска.
Учествуваат над 60 натпреварувачи, од кои половината домашни, а останатите од странство. На натпреварот судат меѓународно признати судии од неколку држави од Европа.
Натпреварот го организира Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија, во соработка со СЦ „Борис Трајковски“.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис