Прв академски час на кандидатите за офицери во АРМ
Во Воената академија во Скопје денеска ќе се одржи првиот академски час за подофицери и професионални војници со завршено високо образование кои ќе станат офицери на Армијата на Република Македонија.
На првиот академски час, како што е најавено, ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.
- Со произведувањето на офицери од подофицерите и професионалните војници, Министерството за одбрана на дело покажува дека посветува голема грижа првенствено за припадниците на Армијата и за своите вработени, се наведува во соопштението од Министерството.
Произведувањето офицери од басенот на подофицери и професионални војници кои имаат завршено цивилно високо образование се врши по повеќе од осум години. Подофицерите и професионалните војници по завршувањето на три-месечниот курс ќе станат офицери во соодветната струка – правна, интендантска, техничка, финансиска, музичка и во сообраќајна струка.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски