Противниците на Трамп подготвени за масовни протести низ САД
Oколу 1.200 демонстрации се планирани денеска ширум САД, организаторите очекуваат тоа да биде најголемиот ден на протести против американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот сојузник Илон Маск.
Протестите наречени „Hands Off“ ќе им дадат можност на противниците на Трамп да го изразат своето незадоволство од надворешната и внатрешната политика на Трамп на САД.
- Ова е масовен протест што испраќа многу јасна порака до Маск, Трамп, републиканските конгресмени и сите сојузници на движењето „Направете ја Америка повторно голема“ (MAGA) дека не ги сакаме нивните раце во нашата демократија, заедници, училишта, пријатели и соседи“, рече Езра Левин, ко-основач на Indivisible, една од групите што ги организираа настаните овој викенд.
Белата куќа засега е без коментар.
Според податоците од веб-страницата на настанот, околу 150 активистички групи се пријавени за учество.
Планирани се протести во сите 50 држави, како и во Канада, Британија, Франција, Германија, Мексико и Португалија.
Најголемите собири се очекуваат на Националниот плоштад во Вашингтон.
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ