Против лицата кои го малтретираа кучето Феликс, поднесено е обвинение
Поднесено е обвинение против двете лица кои му нанесоа тешки повреди на кучето Феликс кое како последица на повредите почина на 7 јануари.
Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираа денеска, го има собрано целокупниот доказен материјал по што е поднесено обвиненитето против двете лица кои се товарат на кривично дело „убивање и мачење животни“ од член 233 став 1 од Кривичниот законик.
- Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво, се вели во информацијата од ОЈО Скопје.
На предлог на јавниот обвинител доставен е предлог за определување мерка на претпазливост – задолжително јавување во Судот за двајцата обвинети.
Ново на Сител
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?