Протестите во Грција предизвикаа сообраќаен хаос
На автобуските и тролејбуските станици во Атина денеска се формираа големи редови заради протестите против претстојната приватизација на градскиот сообраќај, информираа грчките медиуми.
Нарушен е возниот ред и на електричната железница, што ја поврзува грчката престолнина со предградијата.
Ситуацијата во сообраќајот е трагична, бидејќи нема пари за резервни делови, а единствениот спас за сите е што, заради летните одмори, во август ќе се намали протокот на патници низ градот, коментираат медиумите.
Транспортот во Атина е меѓу најстарите во ЕУ. Автобусите се стари просечно по 11,8 години, а тролејбусите по 12,8 години, пишува весникот Њуз.ин.
Истовремено, од денеска почнуваат нови штрајкувачки активности во железничкиот транспорт, заради противењето на приватизацијата на
железничкиот оператор „Треносе“ и на компанијата за поддршка на шинскиот сообраќај ЕЕССТИ.
Ново на Сител
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје