Балкан
4. July 2016 - 14:15

Протестите во Грција предизвикаа сообраќаен хаос

На автобуските и тролејбуските станици во Атина денеска се формираа големи редови заради протестите против претстојната приватизација на градскиот сообраќај, информираа грчките медиуми. 

Нарушен е возниот ред и на електричната железница, што ја поврзува грчката престолнина со предградијата.

Ситуацијата во сообраќајот е трагична, бидејќи нема пари за резервни делови, а единствениот спас за сите е што, заради летните одмори, во август ќе се намали протокот на патници низ градот, коментираат медиумите.

Транспортот во Атина е меѓу најстарите во ЕУ. Автобусите се стари просечно по 11,8 години, а тролејбусите по 12,8 години, пишува весникот Њуз.ин.

Истовремено, од денеска почнуваат нови штрајкувачки активности во железничкиот транспорт, заради противењето на приватизацијата на 
железничкиот оператор „Треносе“ и на компанијата за поддршка на шинскиот сообраќај ЕЕССТИ.