Протести за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Неготино
Протестен марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва по седми пат се одржа и во Неготино.
Пред присутните се обрати Методи Митрев, долгогодишен новинар, кој, меѓу другото рече дека многубројни жители на градот и населените места учествуваат на овие протести, изразувајќи го на тој начин своето несогласување со платформата изготвена во друга држава. За неа тие сметаат дека е во насока на разнебитување на македонското ткиво.
- Впрочем, како поинаку и би се протолкувале залагањата за целосна двојазичност во Република Македонија, преговарања за менување на химната, знамето и на крај името на нашата држава. Токму затоа категорично сме против Тиранската платформа потпишана постизборно во друга држава, бидејќи излегува од рамките на Охридскиот договор, нагласи Митрев.
Притоа додаде дека еврнтуалното реализирање на точките предвидени во неа, води кон промена на Уставот, што ќе значи бинационално редефинирање на Република Македонија.
- Македонија има свој Устав, кој мора да се почитува, има свој јазик и унитарност, кои претставуваат столб за граѓаните кои живеат во неа. И токму затоа граѓаните се едногласни дека нема да се дозволи загрозување на унитарноста на Република Македонија. Нема да се дозволи промена на химната, знамето и државниот грб, народот нема да дозволи некакви туѓи платформи да влијаат на нашата и на иднината на нашите деца, рече Митрев.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите