Македонија
14. јуни 2018 - 16:38

Протести и вечерва во Скопје, полицијата синоќа привела десет демонстранти

Десет лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија против договорот за менување на името.

- За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален). Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица, соопшти денеска МВР.