Македонија
3. April 2017 - 21:37

Протестен марш во Росоман

Протестен марш вечерва се одржа и во Росоман, пред присутните говореше Мирјана Јошева, професор по македонски јазик. 

- Ниту дождот не не спречи да излеземе масовно да дадеме поддршка за заедничка Македонија. Излеговме за уште еднаш да кажеме дека сме против албанската платформа. Овде сме да се повикаме на свеста и совеста на секој жител на оваа општина, без разлика на неговата вера и националност, да се заштитат државните обележја и да не се уништува она што со години е градено, нагласи меѓу другото Јошева.