Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје
Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, утре во 12:30 часот, ќе одржи протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје.
- Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! Без здравје нема живот! Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките, велат од „Зелен хуман град“.
Оттаму очекуваат секој граѓанин од Скопје и секој кој може од останатите градови да се приклучи на протестот за чист воздух.
-Да ја испратиме 2024 година со чиста совест дека сме направиле најмалку што можеме за нашето здравје и здравјето на идните генерации! Колку повеќе сме, толку поголем ќе биде притисокот за вистински промени! Воздухот што го дишеме не е за преговарање и немаме повеќе време за чекање, велат од „Зелен хуман град“.
Според податоците на УНИЦЕФ, како што е наведено во соопштението, 11,6 отсто од смртните случаи кај новороденчињата во земјава се поврзани со загадениот воздух, што значи дека секое деветто починато дете под една година го губи животот поради аерозагадувањето.
Од „Зелен хуман град“ ги повикуваат граѓаните вечер со почеток во 19 часот во „Лабораториум“ на правење плакати и пароли за чист воздух за протестот.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал