-->
-->
Протестен марш на „За заедничка Македонија“ во Кавадарци
-->
Учесниците на протестниот марш што се одржа вечерва во Кавадарци во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ повторно упатија порака против, како што рекоа платформата од Тирана и искажаа поддршка за зачувување на унитарноста на Македонија.
Маршот на поддржувачите на граѓанската иницијатива почна од пред црквата „Света Петка" во центарот на градот, продолжи низ главната улица „Илинденска" и заврши на градскиот плоштад.
Пред општинската зграда се обрати пензионерот Алимпие Лазоровски, кој ги повтори барањата на иницијативата за зачувување на државноста на Република Македонија. Тој прочита и дел од своето творештво.
Освен државната химна, на плоштадот преку разглас се пуштаа и македонски револуционерни патриотски песни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер