Македонија
18. April 2017 - 21:01

Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Куманово

Во Куманово вечерва продолжи маршот на граѓаните што се одржува на иницијатива на „За заедничка Македонија“.

Граѓаните поминаа по улиците на Куманово и уште еднаш порачаа дека нема да дозволат прифаќање на тиранската платформа и дека се залагаат за зачувување на унитарниот карактер на државата.

Кумановци бараат да не се дозволи промена на Уставот, да не се воведе двојазичност која велат дека ќе доведе до разнебитување на државата.

Граѓаните велат дека нема да се откажат од овие барања и повикаа на сплотеност и единство во заедничка Македонија.