Протестен марш на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија
Мирен граѓански марш во организација на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија се одржа денеска, за како што велат, против промена на Уставот и заштита на името и суштината на државата.
Маршот започна од пред Владата на Републка Македонија, продолжи кон канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов и заврши пред Собранието на РМ.
Игор Дурловски, од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија го прочита Прогласот во кој се бара од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава.
Во прогласот, исто така, се бара ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија, како што стои во Прогласот, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не се остапува.
- Македонија има три Илиндени, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден, рече Дурловски.
Богдан Илиевски, од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија рече дека нема да дозволат разделување на црвената и жолтата од македонското знаме, затоа нивниот симбол ќе биде спојување на црвената и жолтата, односно, како што рече, црвено-жолтата линија што нема да ја поминат.
Од Здружението најавија дека протестот ќе продолжи и утре.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ