Протестен марш Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија во Кавадарци
Протестен марш и вечерва се одржа во Кавадарци. Кавадарчани мирно протестираа движејќи се од новоизградената црква "Света Петка" во новиот центар на градот, преку главната улица „Илинденска", до општинската зграда на градскиот плоштад. Пред присутните се обрати Сава Манева, пензиониран историчар.
Потсетувајќи на повеќе историски моменти од историјата на македонскиот народ, таа укажа на неколку грешки од минатото од кои како што нагласи, треба да извлечеме поуки. Меѓу другото, ја спомена и криминалната приватизација за време на транзицијата од времето на осамостојувањето на државата, кога бројни работници, како што додаде, беа избркани од работа и останаа на улица без никакви права.
Задржувајќи се на протестите кои секојдневно се одржуваат низ целата држава, таа нагласи дека цврсто се залагаат за унитарна, самостојна, слободна и независна Македонија.
Ново на Сител
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води