Протест на производителите на зелка од Струмичко
Производители на пролетна зелка денеска со протест со трактори по улиците на градот и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за земјоделство.
Како што кажаа на протестот, договореното од последната средба со откупувачите и Инспекторатот за земјоделство, зелката да се откупува по 20 денари за килограм во текот на оваа седмица сопгласно законот не се почитува и денеска откупната цена е 15 денари.
-За да опстанеме и да можеме идната година година повторно да ја засадиме оваа култура откупната цена треба да изнесува 30 денари за килограм.Бараме итна средба со министерот која ќе се одржи најдоцна до недела и доколку не се случи тоа тогаш ќе го радикализираме протестот со блокирање на патишта, рече Васе Панов, производител на пролетна зелка.
На протестот беше кажано дека дел од трговците прават манипулации при откупот, односно се пишува дека зелката се откупува по 20 денари, а се намалуваат килограмите на откупеното и зелката се исплаќа по 15 денари за килограм. Затоа, земјоделците бараат реакција од надлежните за да се спречат таквите манипулации.
Дел од земјоделците реагираа што на протестот не присутвувале поголем број земјоделци кои биле на нивите и според нив барем три денови не треба да се бере зелката и да не се носи на откупните пунктови.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор