Бизнис
20. September 2019 - 16:25

Протест на млекопроизводителите поради доцнење на субвенциите

Млекопроизводителите од битолските села денеска излегоа да протестираат пред подрачната единица на Министерството за земјоделие во Битола. Тие се жалат дека 18 месеци немаат земено субвенции. Велат, субвенциите треба да се исплатат во предвидениот рок.

-Во септември треба да купиме силажа, не може да купиме во декември. Во септември е два денари, во јануари е 5,6 денари. Кога ќе подигнам кредит за да ја купам силажата, и каматата кога ќе ја платат ми идат субвенциите како да не ми се дадени, вели млекопроизводител од Трново.  

-Не сме воопшто задоволни, се лошо од полошо, две годинин од млекото немаме земено ни денар, вели млекопроизводител од Граешница.

-Министерот под итно да си даде оставка. Овој министер не е за земјоделието, две години денар да не земеме од субвенциите. сега е сеидбата, силажите, сега ни требаат парите, како велат, кога ви требаат ќе ги пуштиме, вели млекопроизводител од Граешница.

-До кога ќе оди ова, земјоделците се потиштени и прегазени, ова нема крај, вели земјоделец од Долно Српци.

Се жалат и дека на физичките лица им биле исплатени, а на правните лица не.

-Затоа што тие се помали производители и така ги ценат, а ние сами што си имаме изнајдено работа за цело семејство не одделија, вели млекопроизводител до Далбеговци.

Им рече дека парите ќе почнат да се исплаќаат од октомври.

-Со ребалансот парите ќе бидат префрлени во Агенцијата за развој, до крајот на годината ќе имате исплата за 2018 година

 Илиевски потоа повика претставници од млекопроизводителите за да разговараат за проблемите.