Протече скандалозна снимка: Вработување на Балканот - босански политичар бара секс во замена за работно место...
На снимката може да се слушне како кандидатката за работното место го прашува политичарот „што ќе биде со нејзиното вработување“ и во еден момент го прашува „Дали треба да имаме секс?“, по што тој одговара „Треба“.
Делегатот на Домот на народниот Парламент на Босна и Херцеговина и генерален секретар на партијата "SDA", Адмир Хаџипашиќ од Бихаќ е снимен како од жена бара секусален однос во замена за работно место. Станува збор за видео снимка направена во 2013-та година која што дури сега протече во босанските медиуми.
Хаџипашиќ кој што не знае дека жената го снима со својот телефон, на нејзиното прашање „Дали треба да имаме секс“, веднаш и одговара „Треба“. На прашањето каде тоа би го направиле, босанскиот политичар вели дека може „веднаш, тука“.
На прашањето на жената за тоа кој ќе ѝ гарантира дека после тоа ќе биде вработена, тој одговара „Па, јас“. После тоа може да се види како се обидува да ја бакне жената, на што таа одговара да не го прават тоа во тој момент.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно