„Протече“ планот за намалување на рестриктивните мерки во Германија
Во германските медиуми објавен е планот на канцеларката Ангела Меркел за отворање на економијата, јави Дојче Веле.
Меркел на онлајн конференција со членовите на парламентарната група ЦДУ/СЦИ изјави дека отворањето мора да биде „внимателно и постапно“ ако земјата сака да избегне ново затворање.
Според неименувани извори Меркел стравува од пораст на новозаболени од Ковид-19 во случај на пребрзо отворање.
Таа истакна и дека намалувањето на рестриктивните мерки би требало да се одвиваат во три фази.
Првата фаза би била намалување на рестрикциите што се однесуваат на личните контакти помеѓу домаќинствата, а потоа би се отвориле училиштата и спортските објекти. Третата фаза би било отворање на рестораните и културните институции.
Според германските медиуми, еден од главните приоритети би било вакцинирањето на наставниците и воспитувачите во градинките. Градинките и училиштата од понеделникот отворени се во 10 германски покраини.
Германија е во „локдаун“ до 7 март.
Ново на Сител
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче
-
Уапсени три лица за убиство на 84 годишен старец во Кривопаланечко
-
„Магна“ ја отвори втората фабрика во Штип, инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места
-
Преглед на вестите од светот
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него