-->
-->
Проштална средба на министерот Димитров со шпанскиот амбасадор Абароа
-->
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше проштална средба амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија Рамон Абароа.
- Министерот Димитров на средбата најостро го осуди грозоморниот терористички чин што изминатата недела се случи во Барселона, изразувајќи солидарност со пријателска Шпанија и сочувство до семејствата и блиските на настраданите, се вели во соопштението од МНР.
На средбата бил направен кус преглед на досегашниот развој на билатералните односи при што било констатирано дека постои простор за натамошно унапредување на политичкиот дијалог, а била потврдена и заемната заложба за развој на соработката на економски план.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата