Просечната нето-плата во јуни 22.808 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија, во јуни годинава, изнесувала 22.808 денари и во однос на јуни лани била поголема за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи пред сè на повисоките исплатени плати на вработените во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.0%), Стручни, научни и технички дејности (9.8%) и Рударство и вадење на камен (7.4%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.5%), Градежништво (4.1%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.0%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата во јуни 2017 изнесувала 33 509 денари.
Во јуни годинава, 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола