Пропадна првиот обид за избор на нов лидер на Нова демократија
Изборниот комитет на грчката опозициска партија Нова демократија денеска ќе одржи состанок на кој ќе одлучи за понатамошните партиски чекори откако вчера пропадна првиот круг од изборот на нов лидер на партијата, јави дописникот на МИА од Атина.
Гласањето беше откажано поради технички проблеми, по што кандидатите за лидер на партијата ги повикаа членовите и претседателот на изборниот комитет да поднесат оставка.
Вчерашното откажување на гласањето предизвика тензична атмосфера внатре во партијата. Еден од кандидатите Апостолос Ѕиѕикостас, го повика сегашниот лидер на Нова демократија Евнагелос Меимаракис да преземе одговорност за неуспехот и да поднесе оставка.
Тој исто така сугерираше дека се работи за намерен обид да се спречи гласањето, а слични обвинувања дојдоа и од таборот на Меимаракис.
- Кој се уплаши од кандидатурата на Меимаракис, изјави Еврипидис Стилианидис, кој го поддржува сегашниот лидер на НД.
Во последните 10 години грчките социјалисти и конзервативци ги избираат лидерите со гласање на сите членови, а не на партискиот конгрес. Нова демократија се надеваше дека ќе привлече стотици илјади гласачи, но оние кои се појавија на гласање, немаа можност да го дадат својот глас.
Официјално, причина за одложувањето на изборната процедура било проблем со софтверот со кој требало да се воспостави онлајн врска со изборните списоци на Министерството за внатрешни работи.
Кандидати за лидер на Нова демократија се привремениот претседател на партијата Евангелос Меимаракис, Киријакос Мицотакис, Адонис Георгиадис и Апостолос Ѕиѕикостас.
Ново на Сител
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол